Шевченко: Нашите девојки покажаа квалитена игра на сите мечеви

Женскиот национален тим на Македонија со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска) натпреварувањето во Втората Ефро-африканска зона го заврши на четвртото место. Предизвикот за настап беше голем особено што Македонија беше нова репрезентација во овој зона.

Според очекувањето главни играчи во нашиот состав беа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и го понесоа „товарот“, додека во составот беа и младите тенисерки: Ива Данева, Теона Андова и Ана Митевска.

Првиот меч на секое натпреварување е еден од најважните:

„Според мене ова беше еден од најголемите успеси на женската BJKC репрезентација. По одличниот настап во 2023 година кога се пласиравме од 3-та Европска во 2-та Евро-Африканска група за нашиот тим целта беше опстанок во оваа повисока група. Но, девојките на самиот старт против репрезентацијата на Естонија покажаа дека можат многу повеќе. Пред се со победата на Лина против Каја Канепи која најдобар ранкинг на ВТА листата и беше 15 место и победата на Лина и Магдалена во мечот во двојки против Каја Канепи и Ингрид Нил (41 место на ВТА во двојки) кои воедно важеа за фаворити во овој меч во двојки“, истакна спортскиот директор Горан Шевченкo.

За другите три меча спортскиот директор со видување:

„Неизвесниот меч против Хрватска каде Магдалена беше на прагот да го освои првиот сет и Лина каде можеби за нијанси да го добие нејзиниот сингл меч. Со овој пораз кој беше и единствен оваа година не успеавме да се пласираме во завршницата односно да се бориме за влез во 1-та Евро-Африканска група. Следните денови беа победите над Грузија и Израел каде Лина рутинирано ги доби сингл мечевите, додека Магдалена со уште поквалитетен тенис од претходните денови успеа да победи и во двата наредни сингл меча. Вреди да се напомене дека и нашите најмлади членови на репрезентацијата Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова добија шанса во игра на двојки. За време на настапот владееше одлична тимска и натпреварувачка атмосфера која вплоди со резултатот кој го постигнавме односно 4-то место со само еден пораз“, додава Шевченко.

За време на натпреварувањето во Вилнус, нашиот женски национален тим со тренерите имаше и средба со Били Џин Кинг, тениска легенда која во својата кариера беше во еден период и најдобра светска тенисерка, а кариерата ја заврши со 129 турнирски победи, од кои 12 Грен Слем титули (со победи на сите четири Грен Слем турнири). Нашата екипа ја оствари средбата каде нашите тенисерки имаат можност да научат од една од најдобрите тенисерки во историјата.

Настапот на нашата БЏК репрезентација од 8-13 Април 2024 во Вилнус, Литванија на БЏК од 2-та Евро-Африканска група се одржа во одличната СЕБ Арена која располага со одлична инфраструктура за ваков настан.

Се вчитува...