Шевченко се враќа во Италија, овојпат како газда на фудбалски клуб!?

Фудбалската легенда на Милан и Украина, Андриј Шевченко се враќа повторно во Италија, овојпат како газда. Откако имаше неуспешна авантура на клупата на Џенова, Андриј покажал интерес за откупување на акциите од третолигашот Пескара.

Според италијанските медиуми, поранешниот освојувач на „Златната топка“ (2004 година) вчера имал состанок со претседателот на клубот Даниеле Себастијани.

Се очекува Шевченко денеска да биде на стадионот „Адријатико“ за да го гледа плеј-оф натпревар со Губија за влез во Серија Б. Шевченко успешно дебитираше како селектор на Украина и ја предводеше на изминатото Европско првенство, но потоа издржа само два месеци на клупата на Џенова пред да биде отпуштен.

Се вчитува...