Шевролет замина во историјата – „Тим Вјуер“ постави нов спонзорски рекорд во Англија (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед по шесст години ќе го замени главниот спонзор на дресовите, Шевролет со софтверската компанија ‘Тим Вјуер’, која ќе му исплати вистинско богатство на англискиот клуб.

Имено, „црвените ѓаволи“ од новиот спонзор ќе заработат вкупно 275 милиони евра за период од пет години, или 55 милиони евра по сезона, што е нов спонзорски рекорд на „Островот“. За тоа каков маркетинг носи самиот клуб говори фактот дека Барселона е единствениот друг клуб кој ја заработува оваа сума од спонзорот Ракутен.

„Чест е тоа што вклучивме партнерство со една од највозбудливите и динамични глобални софтверски компании. Можноста за поврзување и соработка никогаш не беше поважна за нас и нашата заедница од преку милијарда следбеници. Се радуваме на соработката со ‘Тим Вјуер’ кој ќе ја оживее нашата визија на партнерство чиј темел е паметниот начин на поврзување на луѓето и работата“ – изјави од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...