Шифрин до седмо злато на светските првенства

Микаела Шифрин ја продолжува жетвата на медали на големите натпреварувања откако Американката се закити со ново златно одличје на светските првенства, овојпат на шампионатот што се одржува во Залбах, Австрија.

Шифрин заедно со сонародничката Бризи Џонсон триумфираше во новата скијачка дисциплина – тимска комбинација во која скијачки од иста држава се натпреваруваа во тандем, едната во слалом, другата во спуст. Шифрин имаше трето најдобро време во слалом, Џонсон беше четврта во спуст, но двете заеднички имаа најдобро вкупно време, искачувајќи се на највисокото место на победничкиот пиедестал.

За Микаела Шифрин ова беше вкупно 14. медал на светските шампионати, од кои дури седум се златни.

Второто место во оваа нова дисциплина припдна на Швајцарките Гут-Бехрами и Холденер со 39 стотинки заостанување зад шампионките, додека бронзата заврши на градите на Австријките Вениер и Трупе, со 53 стотинки послабо време од скијачките од САД.

Се вчитува...