Шифрин испиша историја, го урна рекордот на Стенмарк

Микаела Шифрин испиша нова страница во историјата на светското скијање, откако триумфираше на денешниот премиерен слалом во финскиот ски-центар Леви. Тоа беше 41. победа во слалом на Американката, кој на листата на најдобри во оваа техничка дисциплина го урна легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк.

Таа скијаше во голем стил на денешните две трки, освојувајќи го првото место со огромна предност од 1,78 секунди во однос на второпласираната Венди Холденер од Швајцарија. Третото место и припадна на Катарина Трупе од Австрија со 1,94 секунди послабо време од Шифрин. Водечката по првото возење, Петра Влхова, не ја заврши втората трка.

За Шифрин ова беше вкупно 61. победа во кариерата, откако на премиерната трка сезонава, на велеслаломот во Золден беше второпласирана зад Алис Робинсон од Нов Зеланд.

Се вчитува...