Шифрин е неприкосновена во Светскиот куп, триумфираше и на последната трка во сезоната

Микаела Шифрин ја заокружи доминацијата во сезоната во Светскиот куп во алспко скијање, откако триумфираше и на последната велеслаломска трка, која денеска се одржа во андорскиот ски – центар Солдеу. Американката до 60. јубилејна победа во Светскиот куп стигна со вкупно време од 2:23.17 минути.

Како второпласирана заврши Алис Робинсон од Нов Зеланд, која доцнеше 30 стоти делови од секундата зад времето на Шифрин, а третото место и припадна на Петра Влхова од Чешка.

Шифрин сезоната во Светскиот куп ја заврши со вкупно 2204 поени, а покрај големиот кристален глобус, ги освои и малите кристални глобуси во слалом, велеслалом, и супервелеслалом.

Се вчитува...