Шифрин се откажува од Светскиот куп поради семејната трагедија!?

Најголемата светска скијачка ѕвезда, Микаела Шифрин е пред одлука да се откаже од останатите натпревари во Светскиот куп оваа сезона по смртка на нејзиниот татко.

Шифрин одлучи да се откаже од настапот овој викенд во Гармиш-Партенкирхен, а се поизвесно е дека нема да се натпреварува и следниот викенд, на 15. и 16. февруари, во Марибор.

„Микаела засега останува во Колорадо. Не знаеме кога би се вратила на натпреварување од Светскиот куп“ – кратко соопштија од нејзиниот тим за односи со јавноста.

Најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин,  се уште е во шок по смртта на нејзиниот татко Џеф Шифрин, кој почина од срцев удар на 65-годишна возраст.

„Семејството е скршено. Си замина нашиот сакан и прекрасен татко, нашата планина, океан, душа, нашето се. Кажете им колку ги сакате, сторете го тоа веднаш“, напиша претходно Шифрин на својот профил на инстаграм.

Се вчитува...