Шиков и Вуковиќ почнаа со „романтичарите“ (ФОТО)

Работнички успеа да доведе двајца квалитетни фудбалери во последниот ден од зимскиот преоден рок, кој во Македонија заврши изминатиов викенд. Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков и црногорскиот интернационалец Иван Вуковиќ денеска се појавија на тренингот на „романтичарите“ и почнаа да работат под раководство на шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.

vukovic trening rabotnicki

„Романтичарите“ во првото пролетно коло ќе и гостуваат на Македонија ЃП в недела, а амбициите на клубот и оваа сезона се да обезбеди пласман во европските купови.

Фото: www.fkrabotnicki.com

Се вчитува...