Шишковски го напушта Работнички, се сели на Кипар

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски ќе се раздели со Работнички ова лето и кариерата ќе ја продолжи на Кипар. Тој потпиша договор со кипарскиот клуб Докса, каде настапува и поранешниот капитен на „романтичарите“, Душко Трајчевски. Шишковски во наредните две сезони ќе го носи дресот на Докса.

25-годишниот Шишковски има интернационално искуство. Тој претходно беше дел од Гент во Белгија, а потоа замина на печалба и во Финска, каде настапуваше за Лахти и за Ропс. Третото заминување од Работнички ќе биде на Кипар, во тимот на Докса.

Претходно, уште еден стандарден првотимец замина од составот на „романтичарите“, левиот бек Себастијан Херера.

Се вчитува...