По ждрепките во Лигата на шампионите и Лигата на Европа беше направена и ждрепката во најмладото европско натпреварување Конференциската лига. Како и во другите две натпреварувања, така и во третото по ранг од сезонава е воведен нов систем со една заедничка лига.
Дарко Чурлинов со неговата Јагелонија ќе игра против: Копенхаген, Молде, Олимпија Љубљана, Млада Болеслав, Петрокуб и Целје.
Дамјан Шишковски со неговата Борац Бања Лука за противници ги добија: ЛАСК Линц, АПОЕЛ, Oмонија, Шамрок Роверс, Панатинаикос и Викингур.
Најзвучното име во ова натпреварување Челси за противници ќе ги има: Гент, Хајденхејм, Астана, Шамрок Роверс, Панатинаикос, Ноа.
Ланскиот финалист Фиорентина ќе игра против: ЛАСК Линц, АПОЕЛ, Виторија, Њу Сеинтс, Сент Гален, Пафос.
Реал Бетис за противници ќе ги има: Копенхаген, Легија Варшава, Хелсинки, Млада Болеслав, Петрокуб, Целје.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ МЕЧЕВИ ВО КОНФЕРЕНЦИСКАТА ЛИГА:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА