Шкендија Арачиново стигна до нов триумф во прволигашка конкуренција, триумфирајќи со минимални 1-0 по голема борба на дуелот на новите прволигаши против составот на Скопје.
Гостите од Автокоманда долго парираа запирајќи ги налетите на арачиновци на стадионот Чаир во Скопје, а пресуден се покажа погодокот на Елези, кој во 87. минута го матираше гостинскиот голман Наумовски, кој бранеше одлично, но остана немоќен при овој обид на Елези.
Ова беше трета победа во низа за Шкендија Арачиново, вкупно четврта за оваа екипа во новата сезона со што арачиновци ги прескокнаа Тиквеш и Вардар и се искачија на третото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
