Силекс и Шкендија утре од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија, натпревар кој ќе го даде освојувачот на вториот трофеј сезонава во домашните натпреварувања.
За Силекс ова е можност успешната сезона да ја круниса со трофеј, откако шампионатот го заврши на четвртата позиција, но и последната шанса преку, за себе, мечот на сезоната да дојде до излез во Европа.
Кратовци, како што информираше тренерот Александар Васоски, на утрешното финале ќе бидат со сите расположиви сили, без ниту едно отсуство.
Тоа не е случај со Шкендија која, пак, ќе биде ослабена со неиграњето на двајца клучни фудбалери оваа сезона, кои и тоа како беа значаен дел.
Шкендија на утрешниот натпревар ќе биде без најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој поради повреда нема да настапи во финалето, а поради жолти картони ќе отсуствува и крилниот фудбалер Роналдо Вебстер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
