Шкендија без првиот голман на стартот на сезоната

Сезоната во ПМФЛ официјално започнува денеска, а вицепрвакот Шкендија ќе биде ослабена во првите неколку кола од првенството.

Тетовскиот тим ќе биде прз својот прв голман Бабукар Гаје, кој ќе мора да паузира 2-3 недели поради повреда. Тој настапи на првиот меч во Лигата на Конференции против Европа на гости, но потоа беше подложен на лекарски прегледи, кои покажаа дека мора да оди на терапија.

Гаје не бранеше на реваншот против Европа, како и на вчерашниот натпревар против Браво, а неговото место го зазеде Амзаи.

Се вчитува...