Со сериозен хендикеп се соочува Шкендија во очекување на првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите против молдавскиот Шериф Тираспол следната недела.
Тетовци од утре повторно се враќаат на подготовките, по гостувањето во Велс, но апсолутно загрижувачки во таборот на македонскиот шампион е повредата на офанзивецот Марјан Радески.
Радески се повреди во последниот моменти од синоќешниот натпревар против ТНС во Велс, па според првичните проценки неизвесна е можноста за негов настап за една недела против Шериф.
„Секако за нас загрижувачка е повредата на Радески. Дополнително ќе биде јасно дали ќе може да сметаме на него за следното коло. Но, ете во фудбалот се случуваат и такви работи, некогаш колку и да сакате не можете да ги избегнете и повредите“ – истакна по натпреварот тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА