Шкендија добива огромно засилување: Бесарт Абдурахими во Тетово!

Повремениот македонски репрезентативец Бесарт Абдурахими треба да биде најголемото засилување на Шкендија за пролетниот дел од шампионатот, дознава ЕКИПА.

Според нашите информации, Абдурахими како позајмен фудбалер од белгиски Локерен во следните шест месеци ќе ги мине во редовите на Шкендија. Разговорите меѓу двете страни се веќе завршени, а треба да се финишира со деталите пред официјалната промоција на Абдурахими во црвено-црниот дрес.

26-годишниот крилен офанзивец и изминатава полусезона ја мина на позајмица во јапонската Церезо Осака. По враќањето во Белгија, од Локерен повторно се одлучија да го испратат на позајмица. Абдурахими е член на Локерен од 2014 година, а претходно има настапи и за хрватски Загреб и израелскиот Хапоел Тел Авив.

Има 12 настапи за македонската репрезентација и еден постигнат гол. Беше стандарден член на националниот тим се до моментот на преселба во Јапонија.

Се вчитува...