Шкендија е подготвена да слави титула, на гости во Тетово доаѓа Шкупи

Првата фудбалска лига на Македонија денеска ќе ги понуди возбудувањата од 29.коло, а кулминацијата треба да биде на Градскиот стадион во Тетово каде Шкендија може да биде промовирана во нов првак. Избраниците на Ќатип Османи имаат зад себе одлична сезона, на првиот конкурент Вардар му побегнаа огромни 23 бода, и во ова коло можат и официјално да го заверат шампионскиот трофеј, доколку не дозволат пораз пред домашната публика.

„Подготвени сме за нов триумф“, порачуваат од Шкедија, а во меѓувреме клубот веќе ја подготвува шампшионската журка. Шкендија оваа сезона ќе се бори за двојна круна, со оглед дека се наоѓа и во финалето на Купот на Македонија, каде ќе ги одмери силите со Пелистер.

Шкупи има европски амбиции и секако дека ќе се обиде да освои бодово во Тетово. По триумфот во минатото коло на гости кај Академија Пандев, тимот од Чаир се надева дека може да оствари позитивен резултат и против Шкендија.

Вардар во 29.коло ќе и гостува на Победа во Струмица. По поразот во дербито од Шкендија, на новиот стратег Бобан Бабунски не му преостанува ништо друго освен да селектира за следната сезона. На прилепчани, пак, овој меч им е многу позначаен, со оглед дека тимот се бори за опстанок во прволигашка конкуренција.

ДВОЈКИ, ПРВА ЛИГА – 29.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (15 Ч.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (16 Ч.)

ПОБЕДА – ВАРДАР

СИЛЕКС – РЕНОВА

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...