Шкендија е подготвена за ТНС: Хасани многу ќе недостасува, Ибраими има мала повреда

Шкендија е подготвена за првиот европски предизвик ова лето и дуелите со велшкиот шампион ТНС во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите. Ова е генералниот заклучок од размислувањата на шефот на стручниот штаб Ќатип Османи и капитенот Арменд Алими на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар на „Филип Втори“.

„Тоа што го сработивме на подготовките ни дава за право да истакнеме дека сме подготвени за мечот против ТНС во квалификациите за Лигата на шампионите. Одигравме квалитетни тестови во Словенија и се надеваме дека ќе се претставиме во вистинско издание и против претставникот на Велс“ – истакна Ќатип Османи на средбата со медиумите, притоа дополнувајќи:

„За разлика од минатата сезона, го немаме Ферхан Хасани, еден од клучните наши играчи во изминатиот период, но ќе се обидеме тоа да го надоместиме. Сега Емини ќе игра на тоа место и ќе продолжиме со офазнивен стил. Бесарт Ибраими има мала повреда, но се надеваме дека ќе биде подготвен за настап. ТНС е седумкратен првак на Велс и секако дека имаме голем респект за ривалот“.

Се вчитува...