Шкендија е подготвена за Вардар, теренот во Тетово – НЕ!

Шкендија на прес-конференција денеска во Тетово го најави стартот на пролетната сезона од шампионатот, истакнувајќи ги уште еднаш отворените амбиции за освојување на шампионската титула оваа сезона.

Стратегот Ќатип Османи и капитенот Ферхан Хасани потенцираа дека се подготвени за утрешната дерби пресметка против Вардар на Градскиот стадион во Тетово (14 часот) со која се отвора пролетта.

„Минавме квалитетни подготовки, па веруваме дека можеме до титулата оваа сезона. Наша среќа или несреќа е што првиот меч ни е против Вардар. Утре излегуваме на терен да дадеме максимум и пред нашите навивачи да дојдеме до победа“ – истакна Османи.

Еднакво е размислувањето и на капитенот Хасани…

„Атмосферата во тимот е одлична. Треба амбициите да ги потврдиме на терен. Не чека напорна полусезона но подготвени сме за секој предизвик. Мора да го покажеме квалитетот уште на утрешниот дуел со Вардар“ – рече Хасани.

И, ако фудбалерите на Шкендија се комплетно подготвени за Вардар, се чини теренот на Градскиот стадион во Тетово ќе мора сериозно да се подготви за утрешниот дерби натпревар. По врнежите снег влошени се во моментов условите за игра, но домаќините се надеваат дека до утре се ќе биде подготвено. Ако нема дополнителни снежни врнежи.

 

Шкендија за пресметката со Вардар ќе може да смета на новото засилување Висар Муслиу, а ќе изостане настапот на Алма Вакили кој се уште чека на регистрација.

Се вчитува...