Шкендија е првиот финалист во Купот… Два гола на Ибраими доволни за Ренова! (ВИДЕО)

Можеби и очекувано за многумина во домашниот фудбал Шкендија е првиот финалист во Купот на Македонија.

Во реванш пресметката од полуфиналето во Тетово, Шкендија како гостин славеше со 0-2 против Ренова, сосема доволно по оние 1-1 од првата средба за пласман во големото финале.

Првиот погодок на мечот беше вистинска мајсторија на Бесарт Ибраими кој во 49. минута директно од слободен удар донесе водство за Шкендија…

На 0-2 зголеми повторно Ибраими во 61. минута, но овој пат со удар од белата точка.

Во втората полуфинална пресметка, Академија Пандев и Пелистер на неколку минути пред крајот на полувремето играат без голови во Турново. Првиот меч во Битола заврши со победа на Пелистер од 2-1.

Се вчитува...