Шкендија ги чека ривалите за плејофот во ЛШ: Малме, Јанг Бојс, Црвена Звезда, Карабах…

Македонскиот првак Шкендија ќе се најде во денешниот ждреб за квалификациското плејоф коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Иако тимот на Ќатип Османи има екстремно тежок противник што треба да го елиминира за да мине во плејоф колото, австрискиот првак Салцбург, сепак, шанси има. Со евентуалната елиминација Шкендија би го преземала и коефициентот на Салцбург и би била носител и во следното плејоф коло.

Според тоа, можни ривали на Шкендија би биле Јанг Бојс (Швајцарија), или победниците од дуелите Карабах (Азе) – Бате Борисов (Бел), Малме (Шве) – Види (Унг), Црвена Звезда (Срб) – Спартак Трнава (Свк). Ждребот ќе се одржи денеска, со почеток во 12 часот.

Шкендија и доколку биде елиминирана, ќе патува во плејоф колото од Лигата на Европа. Македонскиот првак исто така би бил носител, со оглед дека би испаднал од ЛШ, а за можни противници би ги имал победниците од следните мечеви: Легија Варшава (Пол) – Дуделанж (Лук), Алашкерт (Ерм) – Клуж (Ром), Олимпија Љубљана (Сло) – Хелсинки (Фин), Корк Сити (Ирл) – Розенборг (Нор), Хапоел Бер Шева (Изр) – АПОЕЛ (Кип). Ждребот за плејоф колото во Лигата на Европа ќе се одржи во 13.30 часот.

 

Се вчитува...