Шкендија ги отвора вратите: Бесплатен влез за мечот со словенечки Браво

Тетовска Шкендја со популарен потег за реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА против словенечки Браво кој се игра во четврток од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Влезот за натпреварот ќе биде бесплатен, одлучи раководството на „црвено-црните“, како тимот би добил што поголема поддршка за пласман во следната рунда натпревари.

Шкендија има негатива од 1-2 од првиот меч во кој што иако поведе во Словенија, на крај доживеа пораз.

Се вчитува...