Шкендија го ангажираше Криезиу од Балкани – Најскап фудбалер во македонскиот шампионат!

Тетовска Шкендија креирајќи го составот за новата сезона денеска официјално го промовираше крилниот напаѓач Алмир Криезиу.

27-годишниот фудбалер потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, веднаш приклучувајќи се на подготовките на тимот.

Криезиу доаѓа од редовите на косовскиот Балкани, како еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок, со сериозни понуди и од Европа.

Но, како што информираат тетовци, сепак ја избрал Шкендија и амбициозниот проект кој се подготвува за новата сезона. Креизиу, според најавите, во моментов станува и најплатениот фудбалер во домашното првенство.

Се вчитува...