Шкендија го чека третиот ривал во ЛШ: Селтик, Салцбург, Лудогорец, Легија, Розенборг…

Македонскиот првак Шкендија на денешниот пладневен ждреб во УЕФА ќе го добие евентуалниот ривал во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелите со Шериф Тираспол од втората рунда, фудбалерите на Шкендија ќе го дознаат и можниот противник во третото коло. Тоа би можеле да бидат клубови со звучни имиња во европскиот фудбал, како Селтик, Салцбург, Лудогорец, Легија Варшава, Розенборг…

Шкендија е меѓу неносителите во пресрет на ждребот. Согласно ова, можни ривали се австрискиот Салцбург, кој се вклучува од третото коло, како и победниците од дуелите во втората рунда: Лудогорец (Бугарија) – Видеотон (Унгарија), Селтик (Шкотска) – Розенборг (Норвешка), Легија (Полска) – Спартак Трнава (Словачка), Астана (Казахстан) – Митјиланд (Данска), Кукеши (Албанија) – Карабах (Азербејџан).

Се вчитува...