Шкендија го претстави Бразилецот Вандерсон да Силва

Прволигашот Шкендија го претстави Игор Вандерсон да Силва како нов фудбалер на клубот. 24-годишниот Бразилец, во Тетово стига како слободен фудбалер, а претходно во кариерата настапуваше и за турските Бурсаспор и Газиантеп.

„Прекрасно е чувството да бидеш тука. Се е ново за мене. Секој ден учам за градот, за тимот. Навистина ми се допадна тоа што го видов овие два дена. Верувам дека моите амбиции се еднакви на тие на клубот. Во клубот ми говорат дека нивна цел е освојување на титулата и добар настап во Европа, истото го посакувам и јас. Ветувам дека ќе придонесам со добри перформанси и многу голови“, изјави Да Силва по промоцијата во новиот дрес. 

Се вчитува...