Шкендија го продава Елези во Газиантеп за 700.000 евра!?

Еден од најголемите таленти на Шкендија и македонскиот фудбал, Дашмир Елези е пред продолжување на кариерата во турскиот суперлигаш Газиантеп.

17-годишниот Елези би можел да му се приклучи на Лука Станковски кој оваа зима исто така се пресели во Газиантеп.

Според последните информации, скаути на Газиантеп го следеле Елези и на пријателските дуели на Шкендија во Анталија, па веќе се стартувани разговори за трансфер на младинскиот репрезентативец. Согласно клупската одлука, Газиантеп ако ги сака услугите на Елези ќе треба на Шкендија да и плати 700.000 евра.

Шкендија, пак, оваа зима е побогата и за 150.000 евра од трансферот на младинскиот репрезентативец Фазлагиќ од Жилина во Висла Краков.

 

Се вчитува...