Шкендија го промовираше Абдурахими: Дојдов во голем клуб со многу репрезентативци

Македонскиот репрезентативец Бесарт Абдурахими, како што претходно најави ЕКИПА, е најновото засилување за Шкендија, во зимскиот преоден рок кој вчера и официјално заврши во Македонија. Тој потпиша договор на 18 месеци и до јуни 2018 година ќе го носи дресот на Шкендија. Сигурно ќе претставува големо засилување во навалниот ред на тетовскиот тим, кој заедно со Вардар ќе се бори за освојување на шампионската титула.

abdurahimi skendija 2

„Среќен сум што доаѓам во Шкендија, тоа е организиран клуб кој се труди да оформи навистина квалитетен тим. Едвај чекам да заиграм во дресот на Шкендија и се надевам дека ќе помогнам во остварување на целите на клубот. Со поголем дел од фудбалерите веќе се знам од македонската репрезентација, игравме заедно со Ферхан Хасани, Ардијан Цуцули, Арменд Алими, Артом Положани. Знам дека Шкендија има одлични навивачи и ветувам дека ќе дадам се од себе за да ги израдуваме на крајот од сезоната“, изјави Бесарт Абдурахими по потпишувањето на договорот со Шкендија.

Се вчитува...