Шкендија го промовираше Аденис Шала (ФОТО)

Шкендија и официјално го промовираше најновото свое засилување, Адени Шала од Косово со кого потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште три години.

22-годишниот Шала игра на крилните офанзивни позиции, но и во средниот ред. Во 2017 години беше дел од сплитски Хајдук од каде реализираше трансфер во турски Фенербахче.

Во Шкендија доаѓа од редовите на косовска Трепча каде настапуваше изминатава сезона.

„За мене е огромна чест што ќе го облечам дресот на Шкендија. Знам дека Шкендија има богата историја, и за мене е навистина голем предизвик. Знам и дека Шкендија ги има најдобрите навивачи на овие простори. Ќе дадам се од себе да придонесам за остварување на амбициите на клубот и да донесам среќни моменти во иднина за навивачите“ – истакна Шаља по промоцијата во новиот дрес.

Се вчитува...