Шкендија и Силекс денеска ги добиваат можните противници во 2. коло од Конференциската лига

По вчерашното дознавање на противниците за стартното коло, македонските претставници Шкендија и Силекс денеска точно во 14:00 часот во Нион ќе ги добијат и потенцијалните ривали за второто квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Утринава Европската фудбалска куќа (УЕФА) го скрати списокот на екипи и ги формираше мини-групите пред извлекувањето. Шкендија, која во првата рунда се соочува со тимот на Европа, ја очекува својата група на можни противници, меѓу кои се неколку директни екипи и победници од преостанатите двојки од првото коло.

Од друга страна, кратовски Силекс го очекува двомечот против Динамо Минск, a ако го мине исто така ќе биде носител.

Првите натпревари за нашите екипи се закажани за 9 јули, додека реваншите ќе се одиграат на 16 јули. И двата тима се надеваат на поволна ждрепка која би им го отворила патот кон следната фаза од европското натпреварување.

 

Се вчитува...