Шкендија и Силекс ги добија противниците во Конференциската лига

Македонските фудбалски претставници Шкендија и Силекс ги дознаа своите противници за првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, по денешната ждрепка во Нион.

Тетовска Шкендија ја имаше улогата на носител и доби лесен ривал. Тетовци ќе ги одмерат силите со екипата на Европа од Гибралтар. Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е закажан пред домашната публика.

Кратовски Силекс немаше многу среќа при извлекувањето. Како неносител, за противник го доби реномираниот тим на Динамо Минск од Белорусија. Кратовци во првиот дуел ќе гостуваат, а патникот во следната фаза ќе го одлучуваат на домашен терен.

Првите средби од воведното коло ќе се одиграат на 9 јули, а реванш-натпреварите се закажани за 16 јули.

Се вчитува...