Фудбалерите на Шкендија славеа со 4:1 против Башкими во дуелот од осмото коло во Првата Македонска фудбалска лига.
Тетовчани со триумфот ја прекинаа мини серијата од два напревари без победа и се лидери на табелата со 19 бодови, пет повеќе од Струга ТЛ која својот меч од осмото коло ќе го игра в понеделник против Арсими.
Резултатот го отвори Нзенге во 16-та минута, а во финишот од првиот дел беа постигнати уште два гола.
Прво Башкими преку Исмаили во 42-та минута дојде до израмнување, за во судиското продолжение од првиот дел, Круезиу одново да им донесе предност на тетовските „црвено-црни“.
Во второто полувреме, Шкендија постигна уште два гола за убедлив триумф.
Во првиот натпревар, Силекс и Тиквеш одиграа без голови. Со ремито, Тиквеш е на делба на третото место со Шкендија Арачиново, двата тима имаат по 13 бодови, додека Силекс ќе преноќи на шестата позиција на табелата со девет освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
