Шкендија издржа само 15 минути – Салцбург поведе со 1-0

Салцбург по само петнаесет минути игра стигна до водство на дуелот против Шкендија, претворајќи ја тоталната доминација во почетна предност.

Австрискиот првак има целосна контрола над играта, не реализираше и две шанси за гол пред да биде досуден пенал во негова полза, сосема оправдано по почетничкиот старт на Тотре по кој судијата немаше друг избор освен да покаже на белата точка.

Најдобриот стрелец на Салцбург, Дабур, кој претходно два пати беше запрен од Захов, овојпат не погреши од белата точка, носејќи го австрискиот шампион до водство од 1-0. Шкендија мора да заигра подобро, со ваков настап на македонскиот македонскиот првак не му се пишува ништо добро во Австрија.

Се вчитува...