Шкендија се извлече од кикс во 91. минута, Скопје го запре победничкиот од на Македонија ЃП, победи за Брегалница и „пандевци“ (ВИДЕО)

ПМФЛ – 23. КОЛО….

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (2-1)

Дориев 21′, Нафиу 90’+1 – Вареловски 75′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

Шаркоски 12′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (1-1)

Воша 16′ – Хајдари 3′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ (3-0)

Георгиев 5′, Дамњановиќ 63′, Миленковски 90’+1

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (утре, 15 ч.)

ВЧЕРА

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3-0

======================================================================================

  • Убедлива победа на Брегалница од 3-0 против Борец во Штип.
  • Крај на натпреварите во Тетово, Струмица и Скопје. Кикс на „лавовите“ кои ремизираа со Скопје, Шкендија во 91. минута извлече победа против Тиквеш со голот на Нафиу, а Академија Пандев славеше минимално со 1-0 против Струга ТЛ.

БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ (3-0)

3-0 – 90’+1 – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Голема грешка на гостинскиот голман, а Миленковски ја пресекува топката и од 25 метри погодува за 3-0

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (2-1)

2-1 – 90’+1 – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Валмир Нафиу спречува срам во Тетово, носи предност за Шкендија во финиш0т.

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 – 75′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Шок за Шкендија во Тетово. Вареловски го израмнува резултатот!


БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ (2-0)

2-0 – 63′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одлична акција на домашните, Урош Дамњановиќ втрчува во шеснаесетникот на гостите и стрела за 2-0

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 23. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 21′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Љупче Дориев ги носи тетовци до предност на пресметката со Тиквеш


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (1-1)

1-1 – 16′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Арби Воша брзо израмнува во Ѓорче Петров

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-1 – 12′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Шаркоски со шут од десеттина метри носи водство за „пандевци“ во Струмица

<
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. По нафрлувањето од левата страна и проигрувањето од Азиновиќ, Бобан Георгиев прецизно стрела од 12 метри за водство на Брегалница


МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ (0-1)

0-1 – 3′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Брзо погодок на терените во Првата лига и тоа вистински шок за „лавовите“ во Ѓорче Петров. Хајдари носи предност за Скопје!

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 23. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 23. коло од ПМФЛ, два натпревари во фокусот. Македонија ЃП против Скопје на домашен терен ќе брка продолжување на победничката низа, а Академија Пандев во Струмица на мегдан со Струга ТЛ.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...