Шкендија ја чека тежок реванш во Скопје… Пораз од Розенборг, гол на Жуниор за каква таква надеж!

Шкендија остана со малку надеж за пласман во групната фаза од Лигата на Европа откако со 3-1 (3-0) загуби од Розенборг во Трондхајм во првиот меч од плеј-оф квалификациската рунда.

По очајното прво полувреме во кое тетовци дозволија три гола во сопствената мрежа, на крај со еден гол на Стенио Жуниор во второто полувреме се дојде до надеж дека на реваншот во Скопје ќе може да се совладаат Норвежаните.

Нереално водство од 3-0 имаше Розенборг по првите 45 минути ако се знае дека тетовци уште од стартот имаа две убави можности преку Емини и Жуниор. Но, потоа следеше казната со феноменалниот лоб на Исам Џебали, кој од 25 метри ја искористи и крајно лошата поставеност на голманот Захов…

А, во 15. минута на 2-0 зголеми Никлас Бендтнер, искористувајќи ја повторно заспаноста во одбраната на Шкендија…

Потоа се беше повторно во знакот на Шкендија… Стенио Жуниор имаше шанса во 25. минута, извонредна можност и на Бесарт Ибраими но домашниот голман со одлична одбрана спречи погодок, за да потоа во 29. минута Ибраими го погоди и дирекот од голот на Розенборг.

Следеше уште една можност на Ибраими кој во 38. минута одлично изведе слободен удар но за малку не погоди. За да, и покрај тоа, потоа од брз контранапад нов погодок на Розенборг во 44. минута преку Џонатан Леви за 3-0…

Во второто полувреме далеку помирна игра и на двете страни, без поизразени шанси. За да сосема заслужено во 76. минута стигне погодок на Шкендија. Убава акција која со одлучен шут ја заокружи Стенио Жуниор za 3-1…

Во 88. минута нова одлична шанса за Шкендија по која фудбалерите на македонскиот шампион бараа и удар од белата точка, но главниот судија остана „слеп“ пред можноста за пенал.

Сето тоа за крај, за заокружување на конечни 3-1 пред реванш средбата која на 30. август ќе се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...