Шкендија ја прекина соработката со Антонио Павиќ и со Игор Да Силва

Левиот бек Антонио Павиќ и крилниот напаѓач Игор Вандерсон Да Силва повеќе нема да бидат дел од црвено-црниот тим. Договорите за заминување на Хрватот Павиќ и Бразилецот Да Силва беа билатерални, додека двајцата играчи ќе бараат нова различна средина.

Да потсетиме, Антонио Павиќ се приклучи на тимот во август 2020 година, додека Да Силва потпиша во јануари оваа година.

Шкендија им се заблагодарува на Павиќ и Да Силва за нивниот придонес во црвено-црниот дрес, и им посакува многу успех во иднина.

Се вчитува...