Шкендија ја прекина соработката со Зејнулаи

Шкендија и официјално информираше дека ја прекинува соработката со Арбин Зејнулаи.

Според информациите од Тетово, Зејнулаи побарал од клубот раскинување на договорот, во желба да пронајде средина каде што ќе има повеќе простор за игра. Шкендија му се заблагодари за досегашните настапи.

22-годишниот Зејнулаи, кој е играч од средниот ред, фудбалски потекнува од школата на Шкендија. Минатата сезона настапи на 31 натпревар за клубот, запишувајќи три асистенции.

Се вчитува...