Шкендија ќе го „глуми“ Шкупи и ќе игра со Динамо, чаирчани денеска против Фенербахче

Во недела Шкендија ќе игра пријателски натпревар против Динамо Загреб на подготовките во Словенија. Тетовските „црвено-црните“, практично, ќе го „глумат“ Шкупи, ривалот на хрватскиот првак доколку Шкупи го мине Линколн од Гибралтар.

Тимот на Шкупи, пак, денеска го очекува силен пријателски натпревар во Истанбул. Ќе игра против гигантот Фенебахче. Оваа година ова е втора силна контрола на Шкупи со турски тим, откако пред неколку месеци играше и против Бешикташ. Дуелот започнува во 17 часот по македонско време.

Шкендија досега одигра пријателски со Ференцварош, Марибор и против Зрињски. Со Ференцварош одигра 1-1, со Марибор триумфираше 0-1, а со Зрињски одигра 3-3.

Се вчитува...