Шкендија конечно се разбуди, Струга ТЛ го реши Шкупи во тензичен меч со хет-трик на Босанчиќ (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 4. КОЛО….

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (2-1)

М. Станковски 42′(п), Л. Станковски 58′ – Ивановски 53′(п)

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

Јашароски 20′

Велес: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА (1-1)

Трајковски 67′ – Додев 90’+3

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

Ибраими 6′, Дориев 88′, 90’+1, Елези 90’+3

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (4-2)

Босанчиќ 6′, 31, 45’+4(п), Бојку 55′(п) – Исмаили 21′(п), Трапановски 64′(п)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ч.)

======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Струга. Струга Трим Лум победи со Шкупи со 4-2, со хет-трикот на Немања Босанчиќ!
  • Крај и на дуелот во Автокоманда. Победа на Скопје над Пелистер од 1-0
  • Брегалница со гол во последните минути на Дарко Додев дојде до реми (1-1) на гостувањето против Борец во Велес.
  • Крај на натпреварот во Скопје, победа за Работнички над Тиквеш од 2-1 со головите на браќата Станковски.

БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА (1-1)

1-1 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Дарко Додев израмнува за конечни 1-1

  • Крај на натпреварот во Тетово. Шкендија по осум натпревари конечно победи ова лето. Убедлив триумф од 4-0 против Македонија ЃП

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-0)

4-0 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Брз контранапад на домашните, Елези погодува за 4-0

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 90’+1 – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Повторно во акција Дориев, кој повторно од околу 15 метри ниско по земја погодува за убедлива победа.


ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 88′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убава соло акција на Љупче Дориев кој откосо од 15 метри шутира прецизно во мрежата на гостите.

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (4-2)

4-2 – 64′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Нов пенал во Струга, сега за Шкупи. Трапановски прецизен од белата точка

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (4-1)

4-1 – 55′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Нов пенал за Струга ТЛ, овој пат Бесмир Бојку прецизно стрела за 4-1

БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 67′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Лука Трајковски од косо од 20 метри испраќа безопасен шут кон голот на Брегалница, но голем кикс на голманот на гостите Денковски за водство на Борец


РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (2-1)

2-1 – 58′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Лука Станковски со погодок од 7-8 метри, во мешаницата пред голот на гостите, носи повторно предност за „романтичарите“


РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (1-1)

1-1 – 53′ – ГООООЛ ЗА ТИКВЕШ. Иван Ивановски од пенал го израмнува резултатот

  • Почеток на вториот дел на натпреварите во 4. коло од ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (3-1)

!!! – 45’+7 – Поради протестите кон судиската тројка, црвен картон за капитенот Фати Исмаили кај Шкупи

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (3-1)

1-0 – 45’+4 – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Немања Босанчиќ од пенал носи водство од 3-1 и тоа по втор обид, откако претходно во првиот обид пеналот беше поништен поради истрчување пред гол-линијата на голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски


РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По досудениот пенал, Марио Станковски прецизен од белата точка за водство на „романтичарите“


СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 31′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Одличен шут на Немања Босанчиќ од 18 метри и сместува во мрежата на гостите


СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 20′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Одлично изведен слободен удар од десната страна, гостинскиот голман ја одбива топката но од 5-6 метри со волеј-удар ја зафаќа Јашароски за 1-0


СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 21′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Фати Исмаили од пенал го израмнува резултатот во Струга

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 6′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Босанчиќ носи предност за Струга ТЛ против Шкупи

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 6′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Мајсторска акција во три потези на Шкендија која со шут од 7-8 метри одлично ја заокружува Бесарт Ибраими.


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 4. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати составите за дербито во Тетово меѓу Шкендија и Македонија ЃП. Алими повторно го нема во тимот на Шкендија, а во првиот состав се враќа Бесарт Ибраими

======================================================================================

Во 4. коло од ПМФЛ, во попладневната програма најинтересниот дуел во Тетово каде Шкендија ја пречекува Македонија ЃП. Дербито на колото се игра од 20 часот во Струмица, Академија Пандев ќе ја пречека Ренова.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...