Шкендија ’летна’ за Салцбург (ФОТО)

Македонскиот првак Шкендија отпатува за Австрија, каде в среда, со почеток во 19 часот, ќе го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Салцбург. Тимот на Ќатип Османи важи за аутсдајдер во овој двомеч со оглед на реномето на Салцбург, кој минатата сезона стигна до полуфиналето во Лигата на Европа, но надежи за успех секако постојат.

Бесарт Ибраими и соиграчите, подготвени за борба, отпатува за Салцбург, а утре ќе го одржат и официјалниот тренинг, во пресрет на дуелот што е закажан за в среда.

Се вчитува...