Шкендија може да биде и носител во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите

Шкендија, како нов македонски шампион, лесно може да се случи да биде носител во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, што би било за првпат за една македонска екипа во ова европско натпреварување по промената на форматот на квалификации.

Тетовци, по минатогодишните успешни настапи во квалификациите за Лигата на Европа, сега се со коефициент 3.500 кој може да им донесе место меѓу оние 17 екипи кои би биле носители во првото квалификациско коло. Но, за тоа ќе треба да се исполнат три услови:

  • Во Словенија да биде шампион Олимпија или Домжале, а не Марибор
  • Во Унгарија шампионската титула да ја освои Ференцварош, а не Видеотон
  • Во БиХ нов шампион да биде Железничар, а не Зрински

Веќе е познато дека пред Шкендија, според УЕФА рејтингот, како носители се шампионот на Казахстан, Астана, БАТЕ Борисов од Белорусија, Шериф Тираспол од Молдавија, Малме од Шведска, Розенборг од Норвешка, Хелсинки – Финска, Њу Сеинтс – Велс, како и шампионите на Азербејџан, Данска, Израел, Кипар, Полска, Бугарија, Србија, Шкотска и Албанија (Кукс има подобар рејтинг коефициент од Шкендија)… Што значи, познати се вкупно 16 носители, и останува уште последниот 17-ти да се бара меѓу Шкендија и шампионите на Словенија, Унгарија и БиХ.

Во Словенија со можност за шампионската титула е Олимпија Љубљана која има коефициент од 2.900, послаб од Шкендија. Марибор, пак, ако стигне до титулата дефинитивно ќе биде меѓу носителите со коефициент 22.500.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Видеотон, пак, е со коефициент од 4.250, додека Ференцварош е со коефициент од 2.500, па сигурно би бил меѓу аутсајдерите во 1. квалификациско коло.

Standings provided by Sofascore LiveScore

И во БиХ, ако до шампионската круна стигне Зрински (коефициент 3.750) тогаш би бил пред Шкендија во рангирањето, а Железничар е со коефициент 3.000…

Standings provided by Sofascore LiveScore

УЕФА за следната европска натпреварувачка сезона внесе извесни промени во квалификациите. Па, сега ќе се стартува со прелиминарно коло во кое ќе се шампионите на Гибралтар, Андора, Сан Марино и Косово, а потоа се стартува од 1. квалификациско коло. Екипите ќе мора да минат низ четири квалификациски кола (место досегашните три) доколку сакаат до групите од ЛШ.

Се вчитува...