Шкендија може да биде среќна што извлече реми (1-1) на домашен терен со велешки Борец во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Борец беа далеку подобар противник на теренот но не успеаја да реализираат неколку 100% можности на дуелот, па на крајот мораа да се задоволат само со бод против големиот фаворит.
А Шкендија и до тој бод дојде само благодарение на ефектниот гол на Бруно Дита во 35. минута од средбата.
Во второто полувреме Борец продолжи со одличната игра, но изостана ефикасноста во нападот.
Силекс, пак, стигна до пресврт победа од 3-1 против Ренова во Кратово. „Гипсарите“ поведоа со голот од 35 метри на Рамадани…
Во самиот финиш од првото полувреме, најпрво на 1-1 израмни Пепи Георгиев во 42. минута.
А, потоа во судиското продолжение од првите 45 минути на 2-1 зголеми Денис Ристов.
ПМФЛ – 4. КОЛО
Работнички – Вардар 1-1
Шкендија – Борец 1-1
Силекс – Ренова 3-1
Македонија ЃП – Беласица 2-1
Шкупи – Пелистер 1-0
Ак. Пандев – Струга ТЛ 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА