Шкендија најавува „висок лет“… Нема предавање без разлика на се (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Шкендија се цврсто одлучни утре на реванш дуелот против Салцбург со позитивно издание, без разлика на се, да им се оддолжат на своите навивачи за поддршката на европските натпревари ова лето.

Австрискиот шампион има убедлива предност од 3-0 по првиот натпревар, но тетовци не планираат предвремено предавање. Тоа го истакнаа и на вечерашниот официјален тренинг на арената „Филип Втори“ во Скопје, нагласувајќи дека се подготвени за победа на дуелот.

„Ќе се обидеме да постигнеме што повеќе голови. Атрактивен напаѓачки фудбал ќе биде нашата определба утре. Сакаме победа, без разлика дали на крајот таа ќе значи или не пласман во следната рунда натпревари во квалификациите за ЛШ“ – порачуваат црвено-црните фудбалери….

 

 

Се вчитува...