Шкендија не успеа да ја победи Ренова, Пелистер со пресврт до триумф против Академија Пандев

Шкендија ќе мора на реваншот да го бара патот до финалето во Купот на Македонија откако во првиот полуфинален меч како домаќин не успеа да слави против Ренова, играјќи 1-1. Пелистер, пак, со предност ќе патува во Струмица на реваншот откако со пресврт 2-1 (0-1) славеше против Академија Пандев.

На дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Ренова се се случи во првиот дел. Ренова прва дојде до водство со голот на Стојановски во 12. минута…

Но, „црвено-црните“ израмнија со погодокот на Изаир Емини во 26. минута од средбата…

На средбата во Битола, Јани Атанасов, го „замолкна“ Тумбе кафе со голот во 31. минута а по катастрофалната грешка на одбраната на домашните… за водство на гостите од 0-1.

Но, во второто полувреме комплетен пресврт. Најпрво во 61. минута Борче Маневски израмни на 1-1…

А, потоа во 90. минута од средбата Ристе Илијовски ги постави конечните 2-1!

Реваншите од полуфиналето во Купот на Македонија се играат на 11. април од 16 часот.

Се вчитува...