Шкендија до последен здив ќе се бори за титула, „Академците“ го бранат второто место во Кавадарци

Поради репрезентативниот собир закажан за утре, сите натпревари од 24. коло во Првата лига ќе завршат денеска. Вчера Шкупи ја заврши својата обврска, и со 1-3 го победи тимот на Струга Трим Лум, што значи дека лидерот или ќе има иста, или поголема предност после ова коло.

Токму од тука екипата на Шкендија нема право на „кикс“ на Автокоманда, на гостувањето кај Скопје, кој речиси, сигурно, со едната нога е веќе во баражот. Ако сакаат да ги задржат малите шанси за титулата, тогаш тетовци ќе мораат денеска да триумфираат против „пиратите“. Од друга страна, пак, Скопје на свој терен може да се пофали со солидни резултати сезонава, а на последното гостувањето во Ѓорче Петров успеа да одолее и да одигра без голови.

Тетовските „црвено-црни“ веќе еднаш со многу мака победија на овој терен сезонава, а како домаќини против Скопје во декември минатата година добро се „испотија“ и на крајот успеаја да слават со минимални 1-0. Дека тешко доаѓаат до победи и во пролетниот дел, покажува и минатиот меч со Тиквеш кога како големи фаворити влегоа во мечот со Тиквеш, и на крајот го добија со гол во последните мигови.

„Без разлика на предноста на Шкупи ние до последениот здив ќе се бориме за титулата. Затоа атакуваме на триумф и на гостувањето против Скопје“ – порачуваат од Шкендија.

Академија Пандев со гостување кај Тиквеш во Кавадарци ќе го брани второто место на табелата. И Тиквеш е во иста ситуација како и тимот на Скопје, односно веројатно ќе игра бараж за опстанок. Така секој натпревар за кавадарчани до крајот ќе биде искуство, и обид на некој начин да се стигне тимот на Струга, кој бега девет бодови, но вчера загуби, па разликата може да биде намалена. „Академците“ се во одлична форма, имаат само еден пораз оваа пролет, а на последните четири натпревари немаат примено гол, и имаат скор од три победи и едно „реми“ и тоа во Тетово кај Шкендија.

Македонија Ѓорче Петров по неочекуваното реми против Скопје на домашен терен, ќе се рехабилитира во дуел со Борец. Се очекува уште една, лесна победа на „лавовите“, со оглед дека Борец покажа дека е најслаб тим пролетва и има само еден освоен бод од петте меча. Затоа Македонија ЃП треба да го оправда епитетот на фаворит и да дојде до трите бода.

Пелистер на свој терен ја пречекува Брегалница, во обид да се одмазди за „тесниот“ пораз од Штип пред неколку кола. Пелистер е веќе второлигаш, и игра за својата чест, а штипјани посакуваат нова победа во првенството со која ви фатиле приклучок кон горниот дел на табелата. Во Тетово, Ренова и Работнички ќе водат битка за бодови. Двата тима не се загрозени за опстанокот, а не можат да се борат за Европа, се на „златната“ средина, па така во Тетово се очекува еден цврст натпревар.

ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО (15 ч.)

Велес: Борец – Македонија ЃП

Скопје: Скопје – Шкендија

Битола: Пелистер – Брегалница

Тетово: Ренова – Работнички

Кавадарци: Тиквеш – Ак. Пандев

Струга Т.Л. – Шкупи 1-3

Босанчиќ 45′ – Адетунџи 45′, Радески 70′, Имери 87′

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...