Шкендија „одлета“ за Анталија

Есенскиот првак во македонскиот шампионат, тимот на Шкендија, од денеска ги продолжува зимските подготовки во Анталија. Во наредните две седмици тимот на Ќатип Османи ќе се подготвува во турскиот туристички центар и ќе одигра четири пријателски натпревари до 4.февруари, кога ќе го заокружи престојот и ќе се врати во Тетово.

Младиот Арбин Зејнулаи поради повреда остана дома, а со екипата заминаа и неколку млади фудбалери.

Шкендија на 22.јануари ќе тестира против Цирих (Швајцарија), четири дена подоцна против Олимпик Доњецк (Украина), на 30.јануари ќе ги одмери силите со Динамо Загреб (Хрватска) и на 3.февруари следува пријателскиот натпревар со Габала (Азербејџан).

Се вчитува...