Шкендија, по Европа, повторно со домашни мисли: Против Борец по нови три бода

По елиминацијата на азербејџански Сумгаит во првото квалификациско коло за Лигата на Европа, фудбалерите на Шкендија од денеска повторно со домашни мисли. Во натпреварот од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, тетовци на домашен терен го пречекуваат Борец во обидот за нови три бода.

Ернест Ѓока ќе може да смета на сите расположиви сили за дуелот со велешани. Во комбинација ќе биде и Валмир Нафиу, кој поради суспензија не можеше да патува во Азербејџан.

Со триумф Шкендија ќе се израмни на врвот од табелата со Шкупи кој вчера во Чаир славеше со 1-0 против Пелистер.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

ПРЕТХОДНО

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 1-1

АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 2-1

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1-0

Се вчитува...