Шкендија почна да победува: Триумф над Окжептес… (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија ја запиша и втората победа за време на подготовките на тимот во Анталија, славејќи против казахстанскиот прволигаш Окжептес со 2-1 (1-1).

По претходниот триумф, избраниците на Томас Брдариќ сосема заслужено денеска славеа против Казахстанците во далеку понадмоќна игра, иако на победата се чекаше до самиот финиш.

Најпрво Шкендија поведе во 24. минута преку Медједовиќ, но Окжептес израмни во 43. минута искористувајќи една грешка на македонскиот состав на средината од теренот.

Сепак, победата ја донесе Шпенд Асани со погодокот во 82. минута, на асистенција на Ферхан Хасани…

Томас Брдариќ денешниот тест дуели го почна со следниот состав: Јовановски, Бејтулаи, Положани, Цуцули, Челиковиќ, Имери, Алими, Зејнулаи, Медједовиќ, Хасани и Ибраими.

Се вчитува...