Шкендија подготвена за историја…Преку Розенборг до групите во ЛЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија е на 90 минути од најголемиот клупски успех. Избраниците на Ќатип Османи утревечер (20.15 часот) ќе го играат реванш натпреварот против Розенборг во плејоф колото за пласман во групите од Лигата на Европа. Норвешкиот тим има предност од 3-1 од првиот дуел, но тоа дефинитивно не е недостижно за Шкендија.

Македонскиот првак вечерва го одржа официјалниот тренинг на арената „Филип Втори“, а можеше да се забележи дека фудбалерите во пријатна атмосфера го очекуваат важниот меч.

 

Се вчитува...