Шкендија подобра од Камјани во пријателски дуел

Шкендија со убедливи 0-3 славеше на гостувањето кај составот на Камјани, во пријателскиот натпревар што се одигра попладнево во Камењане. Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ја оправда фаворитската улога против овојсезонскиот дебитант во Втората лига.

Мрежата на домаќините ја начна Крстевски во 22. минута од средбата. На почетокот од вториот дел, во 49. минута, Рамадани беше прецизен од белата точка за зголемување на предноста, додека конечните 0-3 ги постави Красниќи со погодок во 69. минута од мечот.

Овој контролен дуел беше одлична можност за шефот на стручниот штаб на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани, да ја провери моменталната форма на своите фудбалери. Натпреварот доаѓа во пресрет на тринеделната првенствена пауза која следува поради репрезентативните настапи.

Се вчитува...