Шкендија подобра, Шкупи успеа да се одбрани за бод од Тетово (ФОТО)

Шкендија и Шкупи одиграа натпревар без голови во дербито на 6. коло, заокружувајќи ја оваа рунда натпревари од Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот во Тетово, Шкендија беше многу подобар тим на теренот не успевајќи да реализира и неколку 100% шанси за освојување на трите бода.

Во првиот дел Хебај и Елези имаа убави можности, но Шкупи умешно се бранеше. Во 54. минута одлична шанса имаше и Алими но гостинскиот голман Наумовски во неколку наврати успеа да ја зачува својата мрежа. Во финишот имаше сомнителна ситуација за пенал за Шкендија, но главниот судија не се осуди да покаже на белата точка.

Шкупи на крајот во финишот имаше можност и за триумф во 92. минута но на самата гол-линија се одбранија домашните. Генерално, кога се ќе се сумира, чаирчани успеаја да се одбрани пред налетите на Шкендија, за бод од Тетово.

Се вчитува...