Шкендија утре ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда на мечот кој ќе се игра на „Тодор Проески“ во Скопје.
Тетовци денеска со полна самодоверба и во одлична атмосфера го одработеа официјалниот тренинг на најголемиот стадион во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
